Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкот на новинарите од Утрински, Дневник и Вест продолжи и денеска

Штрајкот на новинарите од Утрински, Дневник и  Вест продолжи и денеска

Вработените во трите дневни весници Утрински, Дневник и Вест стапија во штрајк поради неисплатени плати пред неколку дена, а штрајкуваа и денеска.

Менаџментот на компанијата Медија принт Македонија не ја испочитува динамиката на исплата на заостанатите плати. 

Првите два дена штрајкот траеше по четири часа, а се најавува дека од утре штрајкот ќе трае по шест часа и истиот е во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија.

Од сопственоста на компанијата Графички колектив во чија сопственост е МПМ , излегоа Орка Холдинг и Интернет Инвестмент Груп.

Сега оваа сопственост ја имаат фирмите Мирекс плус и Телеграф, односно нивниот сопственик Срѓан Ќерим.

Слично

Поврзани вести