Нема прекин на железничкиот сообраќај, штрајкот во мирување
Во мирување е ставен штрајкот кој машиновозачите го почна вчера изутрина, потврди независниот синдикат на машиновозачите на Македонија по денешната средба со раководството на Македонски Железници Транспорт. Како што информираше директорот на Транспорт, Оливер Деркоски по средбата со штрајкувачите бил постигнат начелен договор. Од синдикатот бараа исплата на платата во цел износ на крајот на месецот, а реагираа и за одлуката со која двајца машиновозачи одат на на пониски работни позиции.
За време на штрајкот кој почна вчера, а траеше до денеска напладне, немаше прекин на железничкиот сообраќај, бидејќи раководството на Железници Траспорт им најде замена на машиновозачите што штрајкуваа.
За десетина дена треба да завршат и разговорите за потпишување Колективен договор.Во МЖ Транспорт се вработени 1.270 лица, од кои околу 200 машиновозачи и помошници машиновозачи. Во штрајкот на што почна вчера изутрината, немаше никакви прекини во железничкиот сообраќај и покрај најавата од Синдикатот за бликади на железничкиот сообраќај.
Слично
