Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТРАЈКОТ НА ФЗОМ Е ВО МИРУВАЊЕ: Платите на вработените „зацементирани“ барем до 31. мај

ШТРАЈКОТ НА ФЗОМ Е ВО МИРУВАЊЕ: Платите на вработените „зацементирани“ барем до 31. мај

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Дејаноски, потенцира дека штрајкот на вработените во ФЗО денеска е ставен во мирување, односно дека не е прекинат, а следи по препоарката на Владата која беше донесена вчера и денешната на УО, со што вели, само е потврдено она што е договорено со менаџментот на Фондот минатата година, дека платите на вработените ќе пораснат за 15 отсто.

- Жалиме што дојде до ваква разрешница - да дојдеме до штрајк за Владата да препорача да останат истите плати. Ги зацементиравме платите до 31 мај, оваа година. Можам само да се надевам дека и по 31. мај ќе остане истата вредност на бодот и дека Владата нема да се меша во независноста и во работењето на Фондот за здавство и во работењето на работниците. Ова покачување ќе значи продолжување на редовно извршување на работните задачи на вработените во ФЗО, дека сите граѓани ќе бидат сервисирани во нивните барања, рече Дејаноски изразувајќи воедно благодарност до Владата и премиеорт, до медиумите за поддршката на нивните активности, до вработените и до покажаното единство како и до граѓаните што покажа разбирање.

На новинарско прашање, Дејановски кажа дека штрајкот е во мирување, не е во прекин, бидејќи не се однесува за периодот до крајот на годинава. Напомена дека ќе се чека да се завршат изборите и ребаланс на буџетот, со што очекуваат да се донесе новата вредност на бодот за што инсистираат таа да биде иста како и сегашната 77,16 денари. Очекува од новата Влада вредноста на бодот да биде потврдена.

Генералната директорка на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска Грашковска рече дека со денешната одлука на УО на Фондот согласно новата препорака од вчерашната седница на Владата за задржување на вредноста на бодот, се исполнија барањата на синдикатот.

-Нашите вработени се враќаат на работа, со зголемен интензитет да ги извршуваат работните обврски и очекуваме дека нема да има никакаков застој во однос на остварувањето на правата и на осигуренците, но и на сите здравствени установи и сите други субјекти со кои соработува Фондот, рече Филиповска Грашковска и нагласи дека вакво зголемување на платата на вработените во Фондот се нема случено повеќе од 12 години при тоа изразувајќи очекување дека од вработените се очекуваат максимални напори за да се подобрат услугите за здрвствените осигуреници.


Слично

Поврзани вести