Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТРАЈК ВО НАЈАВА: Вработените во одбраната бараат 20 проценти поголеми плати

ШТРАЈК ВО НАЈАВА: Вработените во одбраната бараат 20 проценти поголеми плати

20 проценти поголеми плати побараа денеска вработените во одбраната на РМ.

Од Синдикатот на одбраната и безбедноста и Независниот синдикат на професионални војници најавија штрајк поради ветените а неисполнети барања.

Оттаму бараат и зголемување на надоместоците на плата за ангажирање до висина од 1.200 денари.

Ристо Ајтов, претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста вели дека не е среден ниту организираниот превоз за доаѓање на работа во касарните, ниту им се исплатени досегашните трошоци на вработените во Министерството за одбрана и АРМ.

Слично

Поврзани вести