Што значи реформскиот план „3-6-9“ за Македонија кој го најави Заев?
Демократски Парламент, реформи во судството, медиумите, борбата против корупцијата, реформи во јавната администрација, во изборното законодавство, според препораките на ОБСЕ и ОДИХР, кохабитација со претседателот на државата. Ова го најави премиерот Заев на денешната прес конференција заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи .
Со усвојувањето на Акцискиот план 3-6-9 Владата прави чекор за сериозен пробив кон евроатлантските интеграции по долгиот застој, истакна на денешната прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев.
„Планот 3-6-9 отвора перспективи на Република Македонија кон ЕУ и НАТО коиТој појасни дека именувањето на планот 3-6-9 всушност ги означува мерките и активностите што треба да се спроведат во наредните три, шест, девет месеци. Според него, целта е до локалните избори закажани за октомври годинава, Владата да ги испорача првичните резултати, до декември да биде отстранета условената препорака, а до наредниот извештај на ЕК на пролет следната година Македонија да добие и датум за почеток на преговорите.
Планот го насловивме 3 – 6 - 9 затоа што ги означува наредните временски точки на нашето заедничко придвижување напред.
За три месеци треба да ги заокружиме првите реформи.
Целта ни е до одржувањето на локалните избори да обезбедиме аргументација за Европската Комисија да ја отстрани условеноста на препораката за почеток на пристапните преговори.
За 6 месеци планираме да го заокружиме вториот реформски круг. Целта ни е до Советот на ЕУ во декември 2017 да покажеме сериозни резултати во повеќе области што ќе ја зацврстат перцепцијата за Македонија како сериозна земја кандидатка на Европската Унија.
За 9 месеци имаме намера да ги имплементираме третиот круг реформи, за до следниот Извештај на ЕК за Македонија да ги насочиме земјите членки на Унијата кон дискусија за утврдување на датум за претпристапни преговори на Европската унија со Република Македонија“.
„Најавуваме демократски Парламент, реформи во судството, медиумите, борбата против корупцијата, реформи во јавната администрација, во изборното законодавство, според препораките на ОБСЕ и ОДИХР, кохабитација со претседателот на државата... Ќе соработуваме и со граѓанското општество, со кое имаме намера да водиме дијалог кој ќе биде транспарентен“, рече Заев.
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи ги појасни мерките и активностите содржани во планот и рече дека Владата мора да ги испорача, бидејќи, како што рече, претставуваат наднационален предизвик.
