Што значи „намалување на аерозагадувањето“ како стратешки приоритет за Македонија
Јани Макрадули, заменик-министерот за животна средин, во средината на ноември го најави планот за чист воздух за стратешки приоритет за 2019-та како јасно изразена политичка волја за намалување на аерозагадувањето, а владата со одлука го утврди истото на 11 декември.
Макрадули исто така потенцираше дека за прв пат се издвојуваат посебни буџетски средства исклучиво за намалување на аерозагадувањето. „Оваа програма има план да го намали аерозагадувањето во Скопје до 50%, додека во другите градови коишто се жртви повеќе од некои други намалувањето е помеѓу 30% и 50%. Начинот на финансирање на активностите е почетен посебен фонд од 1,5 милиони евра и овие средства се дополнителни, покрај оние што постојат за различни активности на различни министерства поврзани со заштита на животната средина во висина од 20 милиони евра“, рече заменик – министерот Макрадули.
Со тоа „намалување на аерозагадувањето“ станува осмиот стратешки приоритет формализиран од страна на новата власт, надоврзувајќи се на веќе постојните седум кои ги одреди за 2018-та и 2019-та . Станува збор за развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните; Република Македонија – членка на НАТО и Европската унија; одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата; владеење на правото и изградба на независни институции; реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатичка технологија; реформи во правосудството; целосно спроведување на начелата на Oхридскиот рамковен договор, градење на граѓанска држава и етничка кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување. Се случувало да ги има само два за една година и истите важеле за сите влади до сега - економски развој и интеграција во ЕУ и НАТО.
Овие приоритети се речиси непроменети цела деценија со тоа што за време на претходната власт го немаше приоритетот „реформи во правосудството“, а приоритетите за владеење на правото и борбата против корупцијата беа интегрирани како еден под име „бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото“. Техничката влада во 2017-та како два нови приоритети за 2018-та ги утврди „унапредување на проектните активности во областа на здравството и здравиот начин на живот“ и „jакнење на семејството, семејните вредности и улогата на младите во општеството“, кои новата власт не ги прифати.
До 2008 имаше само три стратешки приоритети и тоа интеграциите во ЕУ и НАТО како два посебни, покрај оној за економскиот наредок.
Овие принципи се остваруваат со приоритетни цели а на последната листа за следната година ги има шеесетина од зајакнување на системот за фискализација и јавни набавки, поправеден данок, транспарентност во трошењето на јавните пари, создавање деовна клима, помош за домашните мали и средни претпријатија, па се до заштита на потрошувачите, функционална социјална заштита, социјално претприемништво, транспортна мрежа, модернизација на армијата. Наведени се и почеток на преговорите со ЕУ, внесување стручност кај јавната администрација и реформи во УБК. унапредување на човековите права, студентите побргу да дојдат до прво вработување.и друго.
Целите и приоритетите се спроведуваат преку фискална стратегија и нивното реализирање има приоритет кога станува збор за трошење средства од државниот буџет.
А.К.
