Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што вели Шчербак за тврдењата дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија?

Што вели Шчербак за тврдењата дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија?

Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак  тврди дека Русија не се меша во внатрешните работи на нашата земја. 

Наведе дека во 24-годишните дипломатски односи меѓу двете земји не е забележана ниту една вмешаност од страна на руската Амбасада во Македонија, ниту на руската надворешна политика во внатрешните работи на Скопје.

Тој вели дека дијалогот меѓу Македонија и Русија го карактеризираат одржливото партнерство и повеќевековно пријателство меѓу нашите два народи. 

Вели дека Русија сака натамошно сеопфатно унапредување, на сестринската и заемно корисната работа со македонските пријатели.

„Подготвени сме да се движиме по тој пат толку далеку колку што е подготвена Македонија“- рече Шчербак. 

Тој рече дека сака да потсети дека Русија се залага за сеопфатен развој на соработката со Република Македонија во сите сфери: политиката, економијата, културата, хуманитарната сфера, рече Шчербак.

Слично

Поврзани вести