Што вели прогнозата: Ќе има ли врнежи од дожд денеска
За последниот работен ден од оваа недела според
синоптичарите не очекува променливо облачно и нестабилно време со локален
пороен дожд и грмежи, особено попладне кога на места процесите ќе бидат
поинтензивни.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието.
Максималните дневни температури на воздухот ќе достигнат 27 степени целзиусови.
Во главниот град според метеоролозите се очекува слично време, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи со дневни максимални 24 степени.
Од управата за хидрометеоролошки работи велат дека следува
период на променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и
грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.
