Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што вели Гаши за спроведување електронски попис?

Што вели Гаши за спроведување електронски попис?

Собранискиот претседател Африм Гаши денеска за најавата на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски дека следниот попис на населението ќе се спроведува електронски, нагласи дека е важно тој да биде реализиран на најдобар и кредибилен начин.

„Мислам дека тоа е прашање на надлежните институции што ги спомнавте одговорни за да го спроведуваат тоа. Ако тие се чувствуваат подготвени, одлично е. Ние немаме нешто против да биде што полесно. Битно е пописот да биде спроведен на најдобар и кредибилен начин, да веруваат граѓаните дека информациите се кредибилни. Начинот како ќе се извршува, ако е најлесен тој дигитален начин или најкредибилен, тогаш одлично, се согласувам и јас. Нема никаков проблем“, рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

За тоа дека во следниот попис ќе биде опфатено само резидентното население, претседателот на Собранието порача дека треба што помалку политизирање на таквите процеси.

„Пописот е статистичка постапка која се спроведува според ЕВРОСТАТ, тоа се меѓународните критериуми, треба да ги следиме. Што помалку политизирање на таквите процеси, тоа подобро. За жал, склони сме да политизираме се и си правиме штета сами на себе. Ако ги гледаме објективно работите зошто ни требаат тие постапки, би имале друг пристап. Јас сум склон на деполитизирање на процесите“, потенцира Гаши.

Министерот Стефан Андоновски на 3 април изјави дека целта е следниот попис на населението да биде електронски. Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков на заедничката прес-конференција со Андоновски, тогаш нагласи дека следниот попис на населението е планирано на глобално ниво да се спроведе во 2030 година и посочи дека целта е следниот попис на населението да биде спроведен електронски, односно со користење административни извори.

фото Фејсбук/Африм Гаши

Слично

Поврзани вести