Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што вели Европската унија за судирот на Србија со Македонија?

Што вели Европската унија за судирот на Србија со Македонија?

Европската унија изрази надеж дека Србија и Македонија на мирен начин ќе ги решат спорните прашања, откако Белград го повлече дипломатскиот персонал од Скопје.

Портпаролот на Европската комисија рекол за БИРН дека дипломатскиот инцидент во Скопје е „билатерално прашање на двете земји кои ЕУ внимателно ги следи“.

„Очекуваме дека двете страни ќе покажат воздржаност и ќе го решат прашањето на мирен начин, во духот на добрососедските односи“, велат од Комисијата.

Премиерот Зоран Заев денеска по повод најновата ситуација на пладне телефонски ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Слично

Поврзани вести