Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што вели Бејли за работата на СЈО?

Што вели Бејли за работата на СЈО?

Американскиот амбасадор Џес Бејли во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат М изјави дека е важно работата на СЈО да продолжи. Бејли вели дека отворените случаи од прислушувањата треба да завршат со епилог.

„Треба да се зачуваат институционалните капацитети на СЈО, како што е соработката на обвинителите со истражувачите, специјализираните обуки, на пример за откривање на финансиски криминал и да продолжи понатамошното спроведување, независно дали СЈО ќе остане независно од Јавното обвинителство или не. И трето, законот, законските измени да не се користат за да се избегне одговорноста кај функционерите“, порача Бејли.

За реформирањето на ВМРО-ДПМНЕ, Бејли вели дека тоа е внатрепартиско прашање, но се надева дека опозицијата ќе ги поддржи евро-атлантските реформи.

Слично

Поврзани вести