Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што вели Ахмети за изјавата на Заев дека е спремен да отстапи пратеници на Мицкоски?

Што вели Ахмети за изјавата на Заев дека е спремен да отстапи пратеници на Мицкоски?

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети не е загрижен затоа што е можно лидерот на СДСМ,  Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки да направат малцинска Влада. 

Заев во дуелот на ТВ 24, синоќа изјави дека е подготвен да позајми 13 пратеници на Мицкоски со кои би се направила Влада без уцените на ДУИ. 

Од ДУИ тврдат дека Насер Зибери е идниот премиер на државата, кој и да победи во македонскиот блок. 

„Во движење се ставени не само земјата и регионот, туку и меѓународни центри, бидејќи правдата е на наша страна  и целата врева се крева поради тоа што ние излеговме со наше правно и легитимно барање за премиер Албанец“, изјави  Ахмети на промоцијата на партијата во Куманово.

Вели дека со премиерот Албанец ќе се зајакне интегритетот и суверенитетот на државата. 

Заев кажа дека ако ДУИ уценува ќе отстапи 13 пратеници на Мицкоски, или пак ќе побара 6 пратеници. 

Тој рече дека нема да преговара со ДУИ ако уценуваат. 

Слично

Поврзани вести