Што велат од МНР по заканите од Џамбаски упатени до Пендаровски?
Од македонското Министерството за надворешни работи (МНР) уште еднаш остро реагираа со осуда за изјавите на европратеникот Ангел Џамбаски од Бугарија, за што по дипломатски пат го известува и Министерството за надворешни работи на соседната земја.
„Во овој случај, Министерството ќе му препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Румен Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент“, се вели во реакцијата.
Заканите како што велат се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи.
„Очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава“, стои во реакцијата од МНР.
