„ШТО ТОЛКУ СЕ РАСПИШАЛ НА ФБ ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР ГРУЕВСКИ, ГО ЗНАЕМЕ МИНАТОТО“ - Анета Пешева со реакција за честите коментари на некогашниот прв човек на Владата
Анета Пешева, позната деловна жена и препознатлив лик од општестевеното живеење, преку својот фејсбук профил реагира на се позачестените фејсбук постови на поранешниот премиер на земјава кој сега користи азил во Унгарија, Никола Груевски.
Како што можеме да забележиме, Груевски, речиси секојдневно дава свое видување за речиси сите аспекти од областа на политичкиот живот во земјава, а често тоа го прави низ навистина долги фејсбук постови, кои се видливи за голем дел од граѓаните во земјава.
„Никако не ми е јасно што се распишал на ФБ толку многу поранешниот премиер Груевски. Минатото сите кои го живеевме во државава и го знаеме. Сега си имаме легитимно избрана влада со легитимен парламент и Премиер. QUO VADIS?“, пишува Анета Пешева на фејсбук.
Некои од коментарите се зошто граѓаните ги читаат и споделуваат тие постови, но реакцијата е дека тие едноставно често се појавуваат.
