Што точно се случило во охридското училиште каде имаше пукање?
Пукање имаше во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид, при што до инцидентот дошло на училишниот одмор кога ученик од трета година извадил пиштол плашливец и пукал во соученик од прва година во раката. Потоа и самиот се повредил во пределот на главата.
Ученикот е пренесен во Општата болница во Охрид и е во стабилна состојба. До инцидентот дошло поради нетрпеливост помеѓу двајцата ученици.
До инцидентот дошло кога двајца ученици во меѓусебна препирка едниот ученик извадил пиштол и пукал. Станувало збор за добар ученик кој не бил проблематичен.
Охридската полиција изврши увид на местото на настанот.
Слично
