ШТО ТОА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО СТРУМИЦА? Костадинов се пофали со програмата за локалните избори
Ова не е хартија со празни ветувања. Ова е оперативен план, заснован врз знаење, искуство и решителност.
Ова се само поставување на Контури врз кои вие ќе ја градите програмата како граѓани во целост.
За сите граѓани што ќе преминат на електрични автомобили, обезбедуваме 5 години бесплатно полнење. Потоа – субвенционирана цена.
Преведено: чиста енергија, бесплатен погон, грижа за иднината.
Градот ќе дише. Ќе се садат нови дрвореди, ќе се уредуваат паркови и зелени коридори – во секоја урбана и рурална зона.
Дигитални паркови, за едукација за кодирање, HUB за IT компаните за работа на отворено, барање на програмерите
Комплетна улична осветленост и инфраструктурна поврзаност. Гарантирано! Секое село ќе биде достојно место за живеење.
Редизајнирана урбана мобилност. Безбеден град и удобен живот за сите.
Воведуваме општински службеници на терен – во вашето маало, во вашето село. Нема повеќе трчање по шалтери – институцијата ќе работи во ваш кварт.
Правилата ќе важат подеднакво за сите. Без привилегирани, без хаос. Струмица ќе биде пример за уреденост, не за толеранција кон безредие.
Секое ваше барање ќе биде вградено, секој ваш предизвик – адресиран.
Ќе ве слушаме. Ќе доаѓаме лично. Ќе градиме Струмица што сите ја заслужуваме.
Град кој не прашува дали може – туку покажува дека знае и делува.
Костадин Костадинов
Градоначалник на Струмица
Струмица над сè!“, напиша тој.
