Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што стана со истрагата против Бонева за лажните фискални сметки?

Што стана со истрагата против Бонева за лажните фискални сметки?

Истрагата против eкс пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ,  Силвана Бонева е во финална фаза.

Истрагата за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Друмарина“, во кој е осомничена Бонева за лажни фискални сметки со што наплаќала патни трошоци од Собранието, е во финална фаза.

„Предметот се наоѓа во фаза на истражна постапка. Во текот на извештајниот период, преземени се голем број на истражни дејствија, односно испитани се сведоци, поднесени се повеќе барања до различни институции по кои се доставени бараните податоци“, се наведува во последниот извештај на СЈО.

По завршување на истражната постапка, ќе се донесе јавнообвинителска одлука.

Во периодот од јуни 2012 до декември 2015 година, Бонева приложила 843 фискални сметки кои наводно ги зела одејќи на релација од својот дом во Струмица до Скопје, меѓутоа обвинителството има докази дека таа имала сместување во главниот град и дека нејзиното возило поминало 100.000 километри помалку отколку што требало да има изминато доколку навистина секој работен ден патувала.

Бонева со тоа направила измама која го чинела Собранието некаде околу 100.000 евра.

Таа тогаш изјави дека истрагата е неоснована и дека нема да коментира истраги на орган кој немал право да отвора истраги.

Според извештајот на СЈО, во завршна фаза се наоѓаат и истрагите за „Актор“, „Лидери“, „Моќник“, „Тарифа 2“, „Транспортер 2“.

Слично

Поврзани вести