„ШТО СТАНА СО АРТАН ГРУБИ“: Најчевска прашува дали се остава да застари случајот
Професорката Мирјана Најчевска преку објава на Фејсбук отвори прашања за случајот поврзан со Артан Груби, доведувајќи ја во прашање постапката на институциите.
Во својот статус, Најчевска поставува дилеми дали случајот против Груби воопшто е процесиран и дали се чека негово застарување.
– Што стана со Артан Груби? Ако имало потерница по него значи дека веќе имало изграден случај. Сега на суд е или не? Чекаме да застари случајот? – прашува Најчевска.
Таа упати и критика кон изборот на јавниот обвинител, оценувајќи дека наместо, како што наведува, „пуленче на ДПМНЕ“, требало да биде избрано лице кое е подготвено да се справи со криминалот.
Објавата предизвика реакции во јавноста, отворајќи прашања за транспарентноста и ефикасноста на институциите во постапувањето по чувствителни случаи.
