Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што сработи сообраќајната полиција вчера?

Што сработи сообраќајната полиција вчера?

Во текот на изминатиот ден во подрачјето на Скопје се случиле 7 сообраќајки, во кои три лица се здобиле со полесни повреди, а причинети се и материјални штети.

Според информациите на МВР, вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.  Дваесет и осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаци. Санкционирани биле и 23 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои  возеле под дејство на алкохол, 14 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 11 нерегистрирани возила и едно возило за претовар.

Во вчерашниот  ден вкупно 112 возила се затекнати непрописно паркирани, а со специјалното возило пајак, отстранети биле 70 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“  ќе реализира едукативна работилница со децата од второ одделение во ООУ „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров.

Слично

Поврзани вести