ШТО СИ КАЖАЛЕ КИЧЕЕЦ И БОКИ 13 - јавноста нема шанса да слушне
Што зборувале Зоки Милевски Кичеец и Боки 13 јавноста денеска ќе остане „покуса“ за ова сознание. Судијката во Рекет Васка Николовска Масевска го затвори за јавноста денешното рочиште, бидејќи, рече таа, ќе биде презентирана снимка во која има приватни разговори помеѓу Зоран Милевски Кичеец и Бојан Јовановски. Од тие причини, медиумите мораа да ја напуштат седницата. Приватните разговори, пак, ќе се слушаат зад затворени врати.
А вчера, и првообвинетиот Бојан Јовановски, и екс специјалната обвинителка катица Јанева, бараа дека јавноста треба да ги слушне овие разговори, кои бизнисменот Орце Камчев и ги предал на обвинителката Вилма Русковска. Но, судијката вели дека нејзина обврска е да се грижи за приватноста.
Инаку, и споре Јанева, и според јовановски, овие разговори биле клучот за Рекет. Односно, тие тврдат дека разговорите ќе ја откријат релацијата што Боки 13 ја имал со Кичеец, како и тоа дека бил изманипулиран.
