ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СОБРАНИЕ: Седницата доцни, обезбедено мнозинство за уставни измени?
Собранието обезбедило двотретинско мнозинство за гласање на измените на уставните амандмани, пренесе 1ТВ повикувајќи се на собраниски извори.
Два часа како доцни собраниската седница а медиумите веќе пренесуваат дека денеска ќе се гласа за уставните измени
Изворите на 1ТВ велат и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат оставка од лидерот Христијан Мицкоски.
Владејачкото мнозинство успеало да обезбеди доволна поддршка, откако по вчерашната собраниска расправа се чинеше дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на својат став.
Инаку пратениците од владеачката коалиција се откажаа од дискусијата, при што најверојатно пратениците ќе пристапат кон гласање за уставните измени.
Слично
