Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ГЕВГЕЛИСКАТА БОЛНИЦА? Проф. Софијанова со нејзин тим ќе ги утврдува причините за респираторните инфекции кај 50-тина деца

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ГЕВГЕЛИСКАТА БОЛНИЦА? Проф. Софијанова со нејзин тим ќе ги утврдува причините за респираторните инфекции кај 50-тина деца

Рано утринава експертски тим од Клиниката за детски болести во Скопје, предводен од директорката, проф. Аспазија Софијанова се упати кон Гевгелија, односно кон Општата болница-Гевгелија со цел да направат дополнителни дијагностички анализи кај 50-тина деца кои во овој период биле хоспитализирани поради респираторни инфекции, кои не се специфични за летниот период.

За ова, вчера Министерството за здравство преку соопштение ја информираше јавноста дека се потребни дополнителни анализи и по завршувањето ќе се произнесат со повеќе детали.

-Министерството за здравство ја информира јавноста дека изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината. Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во ОБ Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика. Во мометов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само само две бебиња, поради возраста, а 20 сетина деца се на терапија, но истите не се задржани во болница. ОБ Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи и по завршувањето на истите јавноста ќе биде информирана, велат од Министерството за здравство.


Слично

Поврзани вести