Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДОЛАРОТ? „Ечат“ песимистички удолни тонови!

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДОЛАРОТ? „Ечат“ песимистички удолни тонови!

Март помина во многу песимистички тон за доларот, а тоа се потврди и во последната недела од претходниот месец. Вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна и минатата недела, трет пат по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка наскоро ќе стави крај на циклусот на зголемување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се лизна за 0,5 отсто, на 102,59 поени, пренесува See biz.

Истовремено, доларот ослабе за 0,7 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0840 долари.

Сепак, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 1,6 отсто, на 132,80 јени.

Слично

Поврзани вести