Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случи со мерењето на квалитетот на воздухот по 1 часот по полноќ?

Што се случи со мерењето на квалитетот на воздухот по 1 часот по полноќ?
По еден часот по полноќ не функционираат мерните станици за квалитет на воздухот во Македонија. Во ист момент престанале со работа шест од седумте станици на територијата на Скопје, со исклучок на онаа кај Ректоратот, која работела до 2 часот по полноќ, а потоа веќе не испратила никакви податоци до официјалната веб страница на Министерството за животна средина и просторно планирање. Иста е ситуацијата и со останатите мерни станици низ цела Македонија. Во последните часови од мерењето станиците во поголемиот дел од населените места регистрирале и до неколкупати поголеми колчества на штетни честички ПМ10 во воздухот од дозволените нивоа. Особено загаден бил воздухот во Кичево, Тетово и во Битола. Во Скопје, особено високо ниво на загадување регистрирала мерната станица Лисиче, меѓу 21 и 23 часот синоќа, кога вредностите на ПМ10 честичките во воздухот биле речиси 10 пати повисоки од дозволените. Од утрово, Министерството за животна средина на својата веб страница нема податоци за квалитетот на воздухот и за надминување на граничните вредности, а за сега нема информации дали се работи за технички проблем или станиците се намерно исклучени.
Слично

Поврзани вести