Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случи со амбасадорската кандидатура на Фрчкоски: Османи се дистанцира

Што се случи со амбасадорската кандидатура на Фрчкоски: Османи се дистанцира

Дали САД го прифаќаат Љубомир Фрчкоски за амбасадор и дали тој воопшто ќе биде на таа позиција - министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека никогаш не потврдиле дека Фрчковски е назначен. Прашањето следуваше откако беше објавено дека САД не прифачаат Фрчкоски да е амбасадор.

„Името на Фрчковски дека ќе биде амбасадор во Вашингтон дојде од медиумите. Дека е повлечена кандидатурата повторно дојде од медиумите. Во ниту еден момент, МНР не кажало дека тој е кандидат за амбасадор, или дека е отфрлен или прифатен“, изјави синоќа министерот за надворешни работи, Бујар Османи за емисијата „Клик плус“.

Според него, процесот за именување на кандидатите за амбасадори е во целосна дискреција и тоа се класифицирани податоци.

„Не влегувам во дебата околу вакви шпекулации. Се додека МНР не потврди одредена кандидатура, ништо друго не треба да се земе како официјална вест“, соопшти Османи.


„На ранг на дипломатски скандал е што владата мислеше дека домат-дипломатијата на Заев – Димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчковски. Уште поскандалозно е што Заев останува во потрага по нова функција на Фрчковски кој очигледно не е подобен за амбасадор. Освен Заев што се брука во земјава се брука и надвор од државата“, пишува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести