Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случи со акцијата на Факом за еден ден?

Што се случи со акцијата на Факом за еден ден?

Акционерското друштво Факом се соочува со значителн пад на вредноста на акциите кои од 6000 денари вчера паднаа на дури 5000 илјади денари што е нивна најниска вредносна точка во последните 12 месеци. 

Акциите на Факом АД Скопје на средината на 2017 година од 5500 денари скокнаа на 6000 денари, и оваа вредност се одржуваше речиси седум месеци. Во тој период дојде до неколку тргување со акциите на Факом при највисоката постигната вредност.

Сепак, на вчерашното последно тргување цената на акциите на Факом АД Скопје се спушти на 5000 денари при што во една трансакции беа откупени три акции со вкупен промет од 15 илјади денари.

Основната дејност на ФАКОМ АД - Скопје е проектирање,производство и монтажа на челична конструкција и делови на конструкции, сите видови на заварени носачи и изградба и како монтажа на опрема за капитални индустриски и термоенергетски објекти. 

Факом во последните три години делеше дивиденди од својата добивка, при рекордна сума постигна во 2015 година кога подели по 2.492 денари за една акција. 

Според последниот јавно достапен финансиски извештај за работењето во првите три квартали од 2017 година, Факом има генерирано вкупни приходи од 13,9 милиони евра и за речиси шест пати поголема добивка во однос на истиот период лани од 52 илјади евра.

Слично

Поврзани вести