ШТО СЕ ПРОДАВА НА ПАЗАР: Галерија од запленетите стотици килограми режан тутун
Во акција на пазарите и магацините во Скопје царинарници и полицијата заплениле 860 килограми режан тутун, соопшти денеска Царинската управа.
Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во големата акција вчера учествуваа одделението за истраги - Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.
Погледнете ја галеријата фотографии од запленетиот режан тутун
Слично
