Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се оштети невремето во Охрид?

Што се оштети невремето во Охрид?

Големи штети има во Охрид по невремето кое вчера го зафати градот, при што не се оштетени само кафулуњата, туку има и оштетени возила. 

Ветерот носеше контејнери, а кршеше и дрвја. Има уништени платформи, скршени маси и столици, смет насекаде. 

Брановите на моменти достигнуваа  дури до 2 метри. 

Во расчистувањето се ангажирани сите јавни претпријатија од градот. Од утринава со механизација и работници се санираат штетите.

Противпожарните екипи имале осум интервенции на паднати оџаци.

Циклонот Хектор кој се највуваше дека ќе ја погоди Македонија, не го одмина овој дел од земјата. 

Слично

Поврзани вести