Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се крие зад седницата на Собранието којашто вчера беше прекината?

Што се крие зад седницата на Собранието којашто вчера беше прекината?

Собранието денеска продолжува со започнатата 46та седница, којашто вчера беше прекината, откако пратениците го усвоија Законот за енергетика. Предлог- законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка е на дневен ред на денешната седница.

За денес на дневен ред се многу работи.

Меѓу нив се: дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронско управување, дополнет предлог на закон за изменување на Законот за заштита на природата и дополнет предлог на закон за изменување на Законот за животната средина, сите во второ читање.

Пратениците ќе расправаат и за годишните извештаi за работата во 2017 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Агенцијата за администрација, на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. 


Слично

Поврзани вести