Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ОВА: Во струшко Велешта пронајдена огромна количина експлозиви

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ОВА: Во струшко Велешта пронајдена огромна количина експлозиви

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, од Единицата за недозволена трговија со дрога, од Оддел за антитероризам и од Крим техника, извршиле претрес во напуштена куќа на место викано „Кабовска маала“  во струшкото село Велешта. Претресот го направиле по претходно добиена најава.

Напуштената куќа била во сопственост на 76-годишен жител на Велешта со иницијали В.К.

При претресот, во куќата биле пронајдени 10 гранати за рачен фрлач и еден испукувач „РПГ“. Пронајдените експлозивни направи биле подигнати и однесени во Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата.


Слично

Поврзани вести