Што се крие зад лажната дојава за бомба во Скопје Сити мол
П.Ц. и А.Д. и двајцата 19 годишници завршија во полициска станица откако ги вознемирија граѓаните и гостите на трговскиот центар Скопје Сити мол вчера со лажна дојава за бомба.
Во краткото соопштение од надлежните беше кажано дека двајцата се приведени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против овие лице.
Повеќе детали од МВР не открија. Што се крие зад оваа постапка и кој им била целта на деветнаесет годишниците јавноста засега може само да претпоставува.
Имено, најголемиот трговски центар во главниот град вчера пет часа беше блокиран откако полицијата доби аларм за бомба.
Вработените сведочеа дека преку разгласот во трговскиот центар добиле известување за итно напуштање на објектот при што истите беа евакуирани мирно и без паника а единиците за антитероризам скоро пет часа го пребаруваа објектот.
Исходот, како што соопштивме е лажна дојава.
