Што се крие зад излегувањето од притвор на Мијалков, Камчев, Божиновски ?
Има ли политички „дил“ зад одлуката која проструи низ медиумите како молња доцна синоќа?
Ова прашање си го постави јавноста откако неколку медиуми повикувајќи се на неофицијални извори објавија дека е можно денеска Сашо Мијалков, Орце Камчев, Кирил Божиновски но и Цветан Панделески и Тодор Мирчевски директорот на фирмата „Ексико“ да излезат од притвор. Ако не денеска до Нова година тие би можеле да излезат од затворските ќелии и да добијат поблага мерка односно куќен притвор.
Лицата наброени погоре во истражниот затвор во Шуто Оризари завршија последните два месеци по барање на СЈО кое ги гони во случајот „Империја“.
За да излезат од затвор дел од осомничените понудија гаранција вредна милиони евра.
Слично
