Што сака Могерини од балканските лидери – Пак ќе ги седне на маса
Трет состанок на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини со шестмината премиери од Западен Балкан.
Тие во понеделник ќе разговараат за актуелните настани во регионот и изгледите за 2018 година. На европските партнери во регионот ќе им биде понудена единствена можност за напредок на патот кон Унијата, соопштува денеска ЕУ.
Во соопштението стои дека Могерини ги повикува премиерите на неформален состанок во Брисел на 18-ти декември.
„ЕУ е посветена на зајакнување на ангажманот на ЕУ со регионот и осигурување дека сите земји од Западен Балкан ги преземат неопходните чекори за нивното напредување кон Унијата да стане неповратно“, се вели во соопштението.
Слично
