ШТО САКА ДА НИ ПОРАЧА ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА АМБАСАДОРКА - не сака да процени дали е во право Македонија или Бугарија?
Гудрун Штајнакер, поранешна германска амбасадорка во Северна Македонија и Црна Гора и поранешен заменик-амбасадор во Бугарија, вели дека Бугарија и Република Северна Македонија прво треба да се разберат дека не се разбираат.
Амбасадорката Штајнакер беше категорична дека ниту една земја нема да биде примена во ЕУ доколку има нерешено билатерално прашање. Оваа грешка еднаш ја направи Брисел со Кипар, но нема да се повтори. Според неа, Бугарија нема за што да се грижи доколку го поддржи почетокот на преговорите за членство меѓу ЕУ и Република Северна Македонија. И овие преговори, рече таа, ќе траат „многу многу долго“.
Слично
