ШТО САКА ДА КАЖЕ АПАСИЕВ - кои се нашите квислинзи што треба да бидат натепани
Што денеска сакаше да каже пратеникот во македонското Собрание Димитар Апасиев?
Дали можеби со својот денешен пост повикува дека треба да изедат ќотек македонските политичари.
Еве што напиша денеска на својот профил Апасиев, споделувајќи текст за немирите во Ерменија, во кои демонстранти го претепале претседателот на парламентот.
„У нормален свет, КВИСЛИНЗИТЕ ги тепаат (за пример).
Само кај нас квислинзите уште држат функции и склучуваат добрососедски "компромиси"“, напиша пратеникот на Левица.
А во текстот кој го сподели се наведува дека во главниот град на Ерменија, Ереван ноќеска настанал тотален хаос откако беше соопштено дека е постигнат договор за прекин на судирите во Нагорно-Карабах. Народот излезе на улиците незадоволен од договорот, сметајќи дека истиот е неповолен за Ерменија.
Покрај зградата на ерменскиот парламент, демонстрантите ја зазедоа и зградата на Владата на Ерменија и го демолираа инвентарот. Како што пренесува „Спутник“, претседателот на ерменскиот парламент Арарат Мирзојан е претепан од страна на демонстрантите.
Бројни снимки од местото на инцидентите се појавија на социјалните мрежи и ја прикажуваат исклучително драматичната ситуација, а на едно од видеата може да се види моментот на линчување на претседателот на парламентот.
