Што разговарале челниците на албанските партии од земјава со Рама?
Албанскиот премиер, Еди Рама деновиве во Тирана одржа средби со лидерите на албанските политички партии од Македонија.
Рама се сретнал со лидерот на БЕСА и на Алијансата на Албанците, Билал Касами и Зијдин Села, а за денеска се закажани средби и со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Ахмети сепак не заминал на средбата поради обврски.
Албанскиот премиер нагласи дека на средбите е разговарано за состојбата после изборниот процес во Македонија, но притоа не се дадени детали дали им е дадена насока на албанските партии, со кого би коалицирале.
По изборите, Рама повика да се гради соживот во Македонија меѓу граѓаните, но и Охридскиот договор да биде приоритет.
Средбите се реализираат на покана на Рама.
Слично
