Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЗДАТА НЕМА ДА БИДЕ ВИНОВЕН - ако работникот со мало дете одбие предлог како и да седи дома и да сработи

ГАЗДАТА НЕМА ДА БИДЕ ВИНОВЕН - ако работникот со мало дете одбие предлог како и да седи дома и да сработи

Патрик Мартенс од Германското стопанство утрово се сретнал со вицепремиерката Мила Царовска, како што и вчера најави, а причина за средбата била актуелната состојба во земјата поврзана со корона вирусот и дополнителните мерки за превенција кои беа донесени на владина седница на 10 март годинава.

„Објавените мерки предизвикаа одредени нејаснотии кои денес со заменик претседателот на Владата Царовска ги разјаснивме“, вели Мартенс.

Имено, вели тој, а што му било објаснето на состанокот, Владата му препорачува на приватниот сектор да се придржува до предложените мерки, но не го обврзува на тоа. 

„Владата смета дека компаниите треба самостојно да направат реорганизација на своите вработени. Оние кои имаат дете до 10 годишна возраст кое посетува градинка или училиште и доколку нивниот партнер е вработен во државна институција во целост треба да продолжат со своите работни обврски, а доколку и двајцата родители работат во приватен сектор тогаш треба да им се понуди на вработените можност да ја заменат својата смена со цел другиот родител да пристигне од работа и да ја преземе грижата за детето.

Но во никој случај не се поддржува недоаѓањето на работа и одбивањето да се прифати дадениот предлог од работодавачот на работникот за замена на смена.

Работодавачот не сноси кривична одговорност доколку понудил решение на работникот каде што тој ќе може да го згрижи своето дете, но и ќе ја заврши својата работна обврска“, пишува Мартенс.

Оваа информација официјално ќе биде споделена со јавноста на конференција за медиуми која е закажана за сабота, пишува првиот човек на германското стопанство, па останува денешниот ден да ја се подготви реорганизацијата на вработените.

„Доколку се влоши состојбата по овие 14 дена, Владата е подготвена да преземе и други мерки за поддршка на компаниите“, пишува Мартенс во својот допис до јавноста.

По средбата со заменик претседателот на Владата, Мила Царовска се одржал и состанок на кој учествуваа Претседателот на преодната Влада на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, Заменичка на Претседателот и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, Министерот за финансии, Нина Ангеловска, Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, Министерот за економија, Крешник Бектеши, Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, Сања Лукаревска – директор на УЈП и Златко Ветеровски од Царинската управа на Северна Македонија.

На средба учествувале Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на северо-западна Македонија, Масит и ние Делегацијата на германското стопанство.

„Од гувернерот дознавме дека состојбата на НБРМ е стабилна и државата има доволно девизни резерви, а во одност на инфлацијата, таа е помала од очекуваното. Валутата на денерот и во иднина ќе остане стабилна. Од Управата за јавни приходи бевме информирани дека има зголемена добивка од наплата на ДДВ и од персоналниот данок споредбено со јануари минатата година. Министерката за финасии информираше дека буџетот е во стабилна состојба. Со оглед на тоа дека кризата се случува на почеток на календарската година има можност да се направи ребаланс на буџетот и пренамена на средствата. Владата порача дека земјата не се наоѓа ниту во вонредна ниту пак кризна состојба и треба да се следат мерките за превенција од ширење на корона вирусот“, нагласува првиот човек на германската комора.

Слично

Поврзани вести