ШТО ПРОГНОЗИРА СЛАВЧО ПОПОСКИ ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Еве со какво време ќе ја дочекаме Новата 2017 год!
Доколку лудата ноќ планирате да ја дочекате надвор од дома, подгответе си топла облека бидејќи не чека навистина многу студена ноќ.
За жал годинава нема да ја дочекаме со снег, туку со сува студ.
Ова го тврдат прогнозите на метеорологот Славчо Попоски кој го предвиде кобниот 6-ти август кога поплавите однесоа над 20 животи.
Тој за Новогодишната ноќ предвидува сува и многу студена воздушна маса со потекло од североисточна Европа. Ќе биде ведро и со многу ниски температури на воздухот, ќе има и мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец особено Долж Повардарието и во источните предели.
За време на новогодишната ноќ температурите на воздухот во Македонија ќе се движат во интервал од -15 до -4 степени додека на високите планини можно е истите да се спуштат до околу -20 степени.
На првиот ден од новата година ќе продолжи стабилното, суво и студено време.
Максималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 6 степени.
