Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што прави Груевски на брод на Дунав?

Што прави Груевски на брод на Дунав?

Новинарот Балеж Цеко на својот Tвитер профил објави фотографија од екс премиерот, Никола Груевски кој присустувал на прием на брод. Тој таму се наоѓа во друштво со неколку мажи, чиј идентитет не е откриен.

Груевски присуствувал на бизнис настан наречен „Будимпешта бизнис забава“.

Порталот „444“ пишува дека тој претходно дента се сретнал со заменик државниот секретар во унгарското МНР, Иштван Јо, во стан наводно во сопственост на двајца кинески државјани. Од Министерството за надворешни работи на Унгарија во одговор до порталот за средбата изјавиле дека нема ништо невообичаено вработен од МНР да биде во контакт со човек кој бил долгогодишен премиер на својата земја.


Слично

Поврзани вести