Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што поседува невенчаниот сопруг на Мила Царовска?

Што поседува невенчаниот сопруг на Мила Царовска?

Горан Георгиев, невенчаниот сопруг на Мила Царовска, со кого министерката за труд и социјална политика живее во неформален брак поседува само гаража од 25 метри квадратни и парцела од 1.000 метри квадратни во кочанско.

Ова го потврди Министерството за труд и социјална политика, откако ВМРО-ДПМНЕ и портали блиски до опозицијата објавија дека фирмата на Георгиев „Флај Кем Дооел“ за набавка на дронови склучил договор со вкупна вредност од 779.980 денари. 

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Царовска законски треба да го пријави и неговиот личен имот доколку живеат повеќе од една година во неформална брачна заедница, додека од ресорот кој го води таа велат дека министерката нема таква обврска.

„Иако законски не е обврзана, министерката Царовска заради транспарентност кон јавноста околу имотот на неформалниот сопруг во најбрз можен рок ќе го пријави во анкетниот лист во Државната Комисија за спречување на корупција. Тој во своја сопственост има една гаража од 25 м2 и една парцела земја во кочанско од 1.000м2“, се вели во реакцијата на МТСП.

Од таму прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја окарактеризираа како манипулирација со јавноста преку тенденциозно погрешно толкување на законите. 

„Законот не ги обврзува функционерите да поднесуваат извештај за имотната состојба на нивните неформални партнери како што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја излаже јавноста и не постои можност за поразлично толкување на одредбите од овој закон. Министерката Царовска уредно го има пополнето својот имотен лист и пријавено својот имот и имотот на нејзиното семејство“, додаваат од таму.



Слично

Поврзани вести