Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што порачаа граѓаните по изгласувањето на Законот за јазици?

Што порачаа граѓаните по изгласувањето на Законот за јазици?

Граѓаните кои се противат на донесувањето на Законот за употреба на јазиците и кои протестираа денеска пред Собранието извикуваа „Предавници“, „Народот не е на продажба“, „Не ја даваме Македонија“. 

Граѓаните се плашат дека по усвојувањето на ова законско решение во институциите ќе настане хаос. Тие велат дека се прави предавство на државата и дека не е потребен таков закон. 

Еден час пред да се соберат демонстрантите, полицијата го засили обезбедувањето пред Собранието. Протестот помина без инциденти. 

Граѓаните за да го изразат својот револт од носењето на Законот за јазиците испратија писмо до претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов. Бараат од него да не става потпис на Законот за употреба на јазиците. 

Слично

Поврзани вести