Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што порача претседателката на ЕК- паралелно и преговори со Северна Македонија и реформи во ЕУ

Што порача претседателката на ЕК- паралелно и преговори со Северна Македонија и реформи во ЕУ

Проширувањето на Европската Унија и отворањето на преговори за членство на Северна Македонија беше една од темите на состанокот на хрватската Влада и Европската комисија.

Дописникот на МИА од Загреб јавил дека на прес - конференцијата по состанокот, претседателката на Европскта комисија Урсула фон дер Лејен, изјавила дека за Унијата е многу значајна соработката со Западен Балкан, а со тоа очекува и позитивни придвижувања во насока на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Мораме да најдеме начин паралелно да се одвиваат преговорите со Северна Македонија и Албанија и внатрешните реформи во Евроспката Унија. Набрзо ќе биде објавен новиот предлог за методологијата на преговори за членство во ЕУ“, изјави фон Дер Лејен.

И хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кажа дека отворањето преговори со Северна Македонија ќе биде многу високо во приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ. Најави дека во Загреб ќе бидат поканети лидерите на земјите од Западен Балкан со цел да се афирмира европската перспектива на овие држави.

Инаку, теми на состанокот се актуелните состојби во Унијата, Брегзит, европските „зелени проекти” и Шенген.

Слично

Поврзани вести