Што порача партијата на Меркел на ВМРО-ДПМНЕ?
Од ЦДУ/ЦСУ испратија порака до ВМРО-ДПМНЕ.
Парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ на германската канцеларка Ангела Меркел ја повикува македонската опозиција да гласа во полза на уставните измени, со што се отвора патот на земјата кон НАТО и ЕУ.
При тоа им порачува, ќе бидат политички одговорни за блокирањето на овој пат на Македонија и на долг рок ќе придонесат за изолација на земјата. Тоа истовремено ќе се одрази и на можноста за почнување преговори за пристап во ЕУ кон средината на идната година, велат од парламентарната група на германската владејачка коалиција.
„Со преку 91 отсто од гласовите „за“, гласачите во Македонија се одлучија за европскиот пат и пошироките ЕУ и НАТО перспективи на нивната земја. Парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ жали што само 37 отсто од гласачите учествуваа на референдумот за промена на името и поради тоа цензусот не беше исполнет. Во секој случај, референдумот не е обврзувачки. Одлучувачко е потребното двотретинско мнозинство за уставните измени и промената на името ќе биде постигната со гласање во Собранието“- вели тој.
ЦДУ беа главните ментори на ВМРО ДПМНЕ за нивното интегрирање во Европската народна партија.
Сега топката за Договорот со Грција се префрла во Собранието.
