Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што покажаа снимките од камерите во Собранието за упадот на 27 април?

Што покажаа снимките од камерите во Собранието за упадот на 27 април?

Снимка од камерата пред вратата од кабинетот на поранешниот прв човек на Собранието,  Трајко Вељановски денеска е прегледана во судот. 

Се гледа движење од членовите на неговото обезбедување, како и на обвинетите Горан Ѓошевски и Елена Божиновска, и Иван Цветановски. Потоа се појавува обвинетиот Никола Митревски Кољо, со фантомка што ја симнува и доаѓа до Абдулфета Аљими и обезбедувањето.Толпата која влезе во Собранието доаѓа до кабинетот, а потоа дел се враќа по скалите надолу. Се појавуваат лица со фантомки и облечени во црно, од кои обвинителката ги посочува Стефан Младеновски и Митре Митроповски. 

„Во однос на приговорите за монтирани снимки. Обвинителството нема што да крие, уште помалку, да сече, лепи и монтира. Предлагам спорните снимки за одбраната да бидат повторно и во целост презентирани“, рече обвинителката Вилма Рускоска.

За настаните од 27 април лани обвинети се 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. 

Опозциската ВМРО- ДПМНЕ инсистира на Закон за целосна аменстија за настаните од 27 април.  

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека тој деновиве ќе биде и формално поднесен во парламентот.

Слично

Поврзани вести