Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што побарал советникот пратен од Меркел од Спасовски - ефикасен мерит систем со фер шанси за сите

Што побарал советникот пратен од Меркел од Спасовски - ефикасен мерит систем со фер шанси за сите

Техничкиот премиер Оливер Спасовски се сретнал со Валтер Дефа, посебен советник за економија на претседателот на Владата, назначен директно од канцеларката Ангела Меркел. 

На состанокот, како што соопштија од кабинетот на Спасовски, било оценето дека државата напредува, поздравени се направените реформи и определбата за видливи промени во делот на имплементацијата. 

„Изразено е задоволство и за определбата на премиерот, на Кабинетот на премиерот и на Владата за воспоставувањето Централна единица за мониторинг во Канцеларијата на претседателот на Владата, со цел поефикасна испорака резултати во делот на клучните економски реформи и е најавена активна помош и поддршка од страна на германскиот советник и неговиот тим“, се вели во соопштението. 

Констатирана е заеднички важноста од ефикасно воспоставен мерит систем, со фер шанси за сите. Заеднички е ставот дека во системот на одлучување е потребно поедноставување на процедурите и функционирање на носителите на работни позиции на база на добри проценки за компетенциите на ангажираните кадри, како и преземање одговорност за носењето брзи и квалитетни одлуки. 

На состанокот било договорено да продолжи продуктивната соработка со германскиот советник Дефа и неговиот тим и во делот на иновациските политики и smart (паметната) специјализација, како области на модерното време, атрактивни за работа за младите луѓе, а преку коишто е возможна ефикасна имплементација на реформите во сите области значајни за граѓаните.

Слично

Поврзани вести