Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штo побараа учесниците на протестите „За заедничка Македонија“?

Штo побараа учесниците на протестите  „За заедничка Македонија“?

Учесниците на протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ синоќа по 19-ти пат излегоа  во Скопје и порачаа дека претседател на Собранието на Република Македонија може да биде само оној којшто ќе се откаже од Тиранската платформа.

Тие испратија порака дека ја сакаат Македонија унитарна и заедничка. Се пеееја македонски патриотски песни и се вееја македонски знамиња. 

Организаторите на протестите  ги повторија нивните барања и повикаа кој и да е претседател на Собранието да ја отфрли  платформата на албанските партии. 

Од граѓанската иницијатива не запираат и најавија собири активности и за време на викендот.

Се маршираше со иста цел и во другите градови на Македонија. 

Слично

Поврзани вести