Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што побара Заев во Брисел?

Што побара Заев во Брисел?

"Европа не е совршена без интеграција на Западен Балкан", коментираше еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вчера на работниот состанок со водачите на регионот за надминување на актуелните пречки на патот кон Унијата.

Работниот состанок на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и комесарот за проширување, Јоханес Хан, со лидерите на земјите од Западен Балкан, се фокусирапе на ситуацијата во регионот, постигнатите резултати во изминатата година и плановите за следната 2019-та. Претседателите на Србија, Црна Гора и Косово Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи, како и премиерите на Македонија и Босна и Херцеговина Зоран Заев и Денис Звицкјавик се соочуваат со разни тешкотии во пристапувањето кон Унијата. 

Заев напоменал дека Македонија може да очекува почеток на пристапните преговори следната година, а изрази очекување дека Преспанскиот договор со Грцијаќе добие двотретинска поддршка до крајот на јануари. Тој, исто така побарал Грција да започне пто е можно побрзо со процесот на ратификација, а исто така и темпото на усвојување на протокол за членство на Македонија во НАТО да биде подинамично.

На средбата со Могерини посебно е дадена поддршка за донесениот Закон за амнестија и е нагласено помирувањето како важно за успешна реализација на процесите, како и за граѓаните во државата, коментираа вчера од владиниот кабинет. Заев покрај со Могерини, имаше средба и со Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет.

Акцент на средбите беа ставени на српско-косовските тензични односи, а Вучиќ уште еднаш побара воведување на единствен регионален економски пазар, кој тој го претстави како приоритет за олеснување на компаниите и олеснување на пристапот до странски инвестиции. 

Слично

Поврзани вести