ШТО ПИШУВААТ: Референдумот топ тема во грчките медиуми
Грчкиот весник Катимерини пишува дека има нејаснотии околу Договорот поради нискито одзив на референдумот.
Тие имаат и анализа со наслов „Следниот филм на Заев: Брзо избори?“.
Наведуваат детали за излезноста, и ја пренесуваат изјавата на премиерот Зоран Заев, но и на грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос.
„Референдум за двајца (Заев – Ципрас)“ – ЕУ и САД дадоа се за „да“- Што ќе значи резултатот; „Политичката сцена жив песок“ – Ураганот од Преспа ги брише малите партии; „Се ќе зависи од излезноста“, се насловите во грчките весници денеска за референдумот во Македонија.
Грчките медиуми, освен сценаријата, ги пренесуваат и ставовите и изјавите опозициските партии во Грција.
Слично
