Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што пишуваат грчките медиуми за фактот дека Македонија ќе прифати Авганистанци?

Што пишуваат грчките медиуми за фактот дека Македонија ќе прифати Авганистанци?

Грчките медиуми посветија внимание на веста дека Македонија ќе прифати цивили од Авганистан. 

„Северна Македонија ќе прими цивилно население Авганистан”; „Заев: Северна Македонија ќе прифати цивилно население од Авганистан”; „Северна Македонија и Албанија подготвени да примат бегалци од Авганистан”; „Албанија, Косово и Северна Македонија ги отвораат вратите за авганистански бегалци”, се дел од насловите на текстовите во кои грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на премиерот Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина.

„Премиерот на земјата Зоран Заев изјави дека Северна Македонија ги информираше САД дека е на нивно располагање за да помогне во спасувањето на граѓани од Авганистан“, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска информираше дека Националниот институт за демократија побарал привремено засолниште на 200 други лица од Авганистан, бројка што се додава на претходно потврдените 186 лица од Авганистан чие засолниште го објави Владата. 

Османи нагласи дека главно се работи за жени и деца, додека додаде дека МВР и Министерството за надворешни работи работат на списоците за бегалци. Деновиве е навистина тензично во Авганистан. Талибанците го имаат Кабул под контрола. 

Слично

Поврзани вести