Што пишуваат Њујорк Тајмс, Гардијан и Ди Цајт за новото име на земјава?
Грчкиот парламент треба да го изгласа договорот, нешто што можеби нема да биде лесно, со оглед на тоа колку се поделени партиите за ова прашање. Гласањето беше добра вест и победа на успешната дипломатија, пишува Њујорк Тајмс за нашата земја.
Гардијан има наслов “Добро дојдовте во Северна Македонија! Со усвојување на договорот со Грција, земјата стави крај на 27-годишната дебата за името“.
Весникот Ди Цајт објави наслов: „Со финалното усвојување на договорот, членството на Северна Македонија ќе биде можно и во ЕУ и во НАТО“.
Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос изјави дека во грчкиот парламент има потребно мнозинство за усвојување на договорот од Преспа.
Слично
